Скопје, 6 август (МИА) - Охридската полиција поднесе кривична пријава
против „Нестле Адриатик Македонија“ ДООЕЛ-Скопје и против управителот
на фирмата Д.М.(42) од Скопје, за сторено кривично дело „измама“.
Пријавените,
како што соопшти денеска МВР, во април годинава го довеле во заблуда
Л.К. од охридското село Велгошти дека е добитник на автомобил „пежо
207“ во наградната игра што ја организирале, пуштајќи во промет две
чоколади „нестле“ со знак на добивка, иако знаеле дека наградата се
доделува само на едно лице и оти таа е веќе доделена на лице од Скопје.
Во соопштението се подвлекува дека со тоа пријавените го оштетиле Л.К. во износ од 586.482 денари.