Мадрид, 5 август (МИА) - Шпанските власти денеска соопштија дека
припадници на полициските сили на еден рибарски брод близу Коста дел
Сол заплениле 2,5 тони хашиш.
Во соопштението на шпанското
Министрество за економија се наведува дека акцијата била споведена во
претпладневните часови во текот на вчерашниот ден.
Во акцијата
се уапсени шестмината членови на екипажот на бродот - четворица Шпанци
и двајца Мароканци, против кои се покренати обвиненија за шверц на
наркотици.
Во соопштението се наведува дека приведените дрогата требало да ја пренесат до шпанското пристаниште Ла Капета де Велес.
Шпанската
полиција вчера на една јахта во близина на брегот на северозападната
шпанска покраина Галиција запленија 3,8 тони хашиш и ги уапсија
тројцата Холанѓани кои се наоѓале на бродот.