Најдоцна за три години Европската унија сака да реши продажба на
цигари кои што по определено време сами ќе се гасат, објавува
германскиот весник “Ди велт“.
“Цигарите што сами ќе се гасат ќе спасат најмалку 2.000 лица
годишно“, изјавил европскиот комесар за заштита на потрошувачите,
Меглена Кунева.
Освен тоа, ќе бидат спречени низа пожари, предизвикани од
недогаснати цигари. Технички, цигара што сама се гаси не е проблем за
индустријата.